Еуроимпекс, генерален увозник за брендовите Peugeot и Opel, соопшти дека ги отвора вратите со специјална понуда за сите посетители и потенцијални клиенти. Со новата кампања „Opel Open Days“ од компанијата најавуваат „жешки“ цени кои ќе можат да ги добијат само најбрзите.
Понудата е со ограничен рок.
– Секако станува збор за возила од лагер, но на ваше изненадување во истата е вклучен и новиот Opel Grandland – велат од Еуроимпекс.
Оттаму не сакаат да откриваат премногу и ги повикуваат клиентите да ги посетат салоните на Opel или нивната веб страницa www.opel.mk и да ги следат на социјалните медиуми за да бидат во тек кои сѐ возила се вклучени во кампањата и по која цена и ниво на опременост.