ПРОНАЈДЕНА БАКТЕРИЈА ВО ПОПУЛАРЕН ГЕЛ ЗА ТУШИРАЊЕ, ПОСТОИ ОПАСНОСТ ОД ИНФЕКЦИЈА Производот итно се повлекува од пазарот

168

Компанијата „Кнајп“ (Kneipp) повлекува неколку серии од ароматичниот гел за туширање „Лебенсфројде“ (Lebensfreude) бидејќи во некои од производите била откриена бактерија, објави „Тагесшпигел“.

Засегнати се сериите 2506917, 2506918 и 2506919, соопшти компанијата со седиште во Вирцбург. Кодот на серијата се наоѓа на горниот спој на тубата. Производот е со големина од 200 милилитри и со EAN код 4008233114781.






При стандардната контрола на квалитет, во наведените серии било откриено присуство на бактеријата Burkholderia cepacia.

„Кај лица со ослабен имунитет може да предизвика инфекции. Затоа производот не треба повеќе да се користи“, соопшти компанијата.

Продажбата и понатамошната дистрибуција на засегнатите серии веднаш се запрени. За луѓе без здравствени проблеми, користењето во голема мера се смета за безбедно.

Поврзани содржини