ПУШТЕНА ВО СООБРАЌАЈ КЛУЧКАТА ПОДМОЉЕ Се зголемува протокот на патници од Струга до Скопје

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски е задоволен од динамиката на изградбата на автопатот Кичево - Охрид.

415

 

Денека е пуштена во употреба клучката ПодмоЉе која ги спојува Охрид и Струга со што е решен проблемот  на сите кои возат по автопатот Кичево Охрид.






-Решаваме уште една горлива работа, уште еден горлив проблем на изградбата на автопатот Охрид-Кичево, а тоа е клучката Подмоље, клучка која што го спојува Охрид и Струга, но и две држави Македонија и Албанија. И тоа беше еден од наследените проблеми во минатото затоа што во реализацијата на овој проект ајде што претходната власт што не работеше ништо, туку и тоа малце што го работеа го работеа погрешно, па решија да ја срушат оваа клучка без да бидат решени имотно-правните односи, без да биде решена експропријацијата и клучката беше со години срушена, без можност наново да биде изградена и да биде пуштена во функција- изајви министерот за транспорт александар николски кој заедно со премиерот Хритијан Мицкоски присуствуваше на настанот.

Тој додаде дека со пуштањето на клучката  ќе има побрз проток на луѓе и патници од Струга и од соседна Албанија кон Скопје, но исто така и многу побезбеден сообраќај, бидејќи ова беше точка каде што навистина имаше големи проблеми во минатото.

Во однос на динамиката на изградба на патот, тој рече дека напредокот е добар.

фото: Министерство за транспорт
Поврзани содржини