ВО БРАКОТ НА НОВАК ЃОКОВИЌ НЕ Е СЀ МЕД И МЛЕКО! Бев бремена и емотивна, а тој беше груб, раскажува Јелена

Кога луѓето ми велат дека сме совршени, веднаш сакам да им кажам дека не сме. Се сеќавам кога се скаравме во преносот во живо пред неколку години. Бев бремена и емотивна, а тој беше груб во тој момент, открила сопругата на Новак, Јелена, додавајќи: Откако размислив за тоа, се запрашав: „Боже, дали луѓето навистина мислат дека нам ни е сè мед и млеко“!

679

Иако важат за еден од најхармоничните парови, Јелена и Новак Ѓоковиќ се заедно од 18-годишна возраст, па практично тие заедно пораснале.

Врската што созрева и се развива со текот на годините обично се карактеризира со подеми и падови, а кавгата меѓу Новак и Јелена Ѓоковиќ што ја одбележа нивната врска се случи токму за време на бременоста на Јелена.






Јавната расправија меѓу Новак и Јелена Ѓоковиќ заврши сосема случајно во етерот во 2017 година, кога Јелена го емитуваше тренингот на Новак во живо на Фејсбук.

 

Имено, кога завршил со тренингот, Новак ѝ се приближил на Јелена со намера да ги поздрави обожавателите и го зел мобилниот телефон од нејзината рака, што нејзе очигледно не ѝ се допаднало, го прекорила, а неколку секунди подоцна сфатила дека и тоа е објавено.

Обожавателите на Новак ја опсипаа Јелена со негативни коментари, а снимката предизвика таков скандал што мајката на Новак, Дијана Ѓоковиќ, јавно застана во одбрана на својата снаа:

– Во секоја врска, како и во секој брак, има конфликти. Тоа се нормални работи во кои не сакам да навлегувам. Спорната снимка нема никаква врска со реалноста. Тие имаат хармоничен брак, навистина се разбираат, тие се како едно, изјавила Дијана.

Сопругата на најдобриот српски тенисер ја објаснила својата реакција, која случајно се емитувала, за време на гостувањето на телевизијата К1.

– Кога луѓето ми велат дека сме совршени, веднаш велам дека не сме. Јас сум многу своја и не ми е гајле што велат луѓето околу мене. Кога Новак и јас сме заедно, тоа сме навистина ние, и кога се караме и кога сме заљубени. Тоа е емоција што е природна и ми е мило што можеме да бидеме свои, рекла Јелена и се осврнала на кавгата што добро ја памети, а која се случила додека била бремена.

– Заедно сме од наши 18 години. Мојата сестра се пресели пред осумнаесет години, а јас сум со мојот сопруг исто толку време. Не го гледам тоа како нешто што го правиме поради јавноста. И сакам да одговорам кога луѓето ми велат дека сме совршени. Веднаш ќе ви кажам дека не сме. Се сеќавам кога се скаравме во преносот во живо пред неколку години. Бев бремена и емотивна, а тој беше груб во тој момент, открила Јелена и објаснила:

– Реагирав онака како што реагирав. Откако размислив за тоа, се запрашав: „Боже, дали луѓето навистина мислат дека сè е мед и млеко кај нас“. Сепак, не мислам дека го мислат тоа, но веројатно е оној вид на проекција – ако се стремам кон успех, слава, пари, веројатно таму е подобро. Потоа гледаат дека има и проблеми и дека сè не е толку одлично и прекрасно. Најважно е човекот да сфати кој е и што е, бидејќи всушност не знаеме кои сме, резонирала Јелена и открила дека таа и Новак глумеле долго време, односно се обидувале да ѝ се допаднат на јавноста која, како што рекла, ни самата не знае што очекувала од неа.

Поврзани содржини