РУСКИТЕ БАБУШКИ СЕ ПРОДАВААТ КАКО АЛВА НА АЛЈАСКА Средбата на Трамп и Путин привлече туристи
Според локален продавач, се продаваат од 20 до 30 бабушки дневно
Руските бабушки произведени во Петропавловск-Камчатски станаа едни од најпродаваните сувенири во продавница во Анкориџ, Алјаска, каде што е закажана средба меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп.
Според локален продавач, се продаваат од 20 до 30 бабушки дневно, објавува РИА Новости.
– Ги купуваат Европејци, претежно Данци и Германци, но и Кинези – рече тој.
Средбата меѓу Путин и Трамп треба да се одржи в петок.