Поради пожар во целост е затворен за сообраќај патниот правец од Брезница преку националниот парк „Јасен“ до Македонски Брод, соопшти ЈП „Македонија пат“.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) иформира дека до 7 часот на територија на цела држава има 16 пожари на отворен простор, од кои еден е активен. Тоа е пожарот на територија на општина Македонски Брод, на повеќенаменското подрачје Јасен, каде е зафатена мешана шума.