🎥 ТРАМП ЈА КОМЕНТИРАШЕ СЕКСАПИЛНАТА АКТЕРКА „Сидни Свини ја има најзгодната реклама во моментов, само напред!“

Откако беше откриено дека актерката Сидни Свини е регистрирана како републиканка, американскиот претседател Доналд Трамп не го криеше своето воодушевување, особено во контекст на неодамнешната контроверзност предизвикана од нејзината реклама за фармерките „Американ Игл“.

562

Откако беше откриено дека актерката Сидни Свини е регистрирана како републиканка, американскиот претседател Доналд Трамп не го криеше своето воодушевување, особено во контекст на неодамнешната контроверзност предизвикана од нејзината реклама за фармерките „Американ Игл“.

Според извештајот на „Гардијан“, ѕвездата од сериите „Еуфорија“ и „Белиот лотус“ се регистрирала да гласа во Флорида во јуни 2024 година и ја навела својата партиска припадност – Републиканската партија. Само неколку месеци подоцна, Трамп ја победи Камала Харис на претседателските избори.






„Таа е републиканка? Тогаш ја сакам нејзината реклама!“, им рекол Трамп на новинарите додека влегувал во „Ер Форс Уан“ во Алентаун, објавува „Дејли бист“. „Ќе се изненадите колку луѓе се всушност републиканци. Не го знаев тоа. Но, сега кога знам дека Сидни Свини е републиканка – мислам дека рекламата е фантастична!“, додал тој.

 


Трамп дополнително се огласи и на својата социјална мрежа „Трут Сошл“: „Сидни Свини, регистрирана републиканка, ја има НАЈЗГОДНАТА реклама во моментов – за „Американ Игл“, а фармерките летаат од полиците. Само напред, Сидни!“, напиша тој.

Трамп коментираше за кампањата на „Американ Игл“ наречена „Сидни Свини има одлични фармерки“ (Sydney Sweeney Has Great Jeans), игра на зборови на англискиот јазик што ја комбинира идејата за добри фармерки (jeans) со алузија на добри гени (genes). Токму оваа двосмисленост предизвика гнев кај дел од јавноста на социјалните мрежи, некои го обвинуваа брендот дека ја величи „белата генетика“ и „слабото тело“ на Свини, додека поекстремните коментари ја споредија рекламата со „нацистичка пропаганда“.

И покрај критиките, „Американ Игл“ цврсто го брани својот креативен концепт: „Рекламата ‘Сидни Свини има одлични фармерки’ отсекогаш била за фармерки. Нејзините фармерки. Нејзината приказна“, соопшти брендот.

Се огласија и членовите на администрацијата на Трамп. Стивен Чеунг, шефот за комуникации на Белата куќа, ја нарече целата ситуација пример за култура на откажување која, според него, излегла од контрола: „Овој вид изопачено и глупаво либерално размислување е една од главните причини зошто Американците гласаа на начинот на кој гласаа во 2024 година“.

Потпретседателот Венс ги исмеја реакциите на левицата во поткастот Ruthless: „Мојата политичка препорака до демократите? Продолжете да им кажувате на луѓето кои мислат дека Сидни Свини е привлечна дека се нацисти. Тоа се чини дека е нивната вистинска стратегија“.

Венс додаде дека целата ситуација покажува колку левицата е отсутна од реалноста: „Имате обична, убава, американска девојка во обична реклама за фармерки. И тие целосно се распаѓаат поради тоа. Не научија ли ништо од изборите во 2024 година?“

Сидни Свини сè уште не проговорила за целиот случај. Во меѓувреме, таа ја снима третата сезона на „Еуфорија“ на ХБО, а неодамна прошета по црвениот тепих на премиерата на нејзиниот нов инди-филм „Американа“.

Поврзани содржини