МОТОЦИКЛИСТ ПОВРЕДЕН ВО НЕСРЕЌА КАЈ ТАЈМИШТЕ Се судрија еден мотор и три возила
Според информациите од Секторот за внатрешни работи – Охрид, во несреќата учествувале вкупно три возила и еден мотоцикл.
Едно лице е тешко повредено во тешка сообраќајна несреќа што се случила во саботата на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на влезот за селото Тајмиште, кичевско.
Според информациите од Секторот за внатрешни работи – Охрид, во несреќата учествувале вкупно четири возила и еден мотоцикл.
Со тешки телесни повреди се здобил 45-годишниот Д.Б. од село Љубојно, Ресенско, кој управувал мотоцикл со битолски регистарски ознаки. Повредите му биле констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
Во судирот, освен мотоциклот, учествувале и три патнички и едно товарно возило: Товарно возило „Фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од В.Ј. (38) од село Раковец, општина Боговиње, патничко возило „Опел“ со германски национални ознаки, управувано од Љ.С. (40) од село Пршовце, општина Теарце и патничко возило „Фолксваген Артеон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С. (39) од село Црешево, скопско.
Несреќата била пријавена на 3 август 2025 година во 13:00 часот во ОВР Кичево, а увид на самото место извршила увидна екипа од полицијата. Се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот.