ИМАТЕ ВИСОК ПРИТИСОК? Ова се четирите златни правила за појадок ако страдате од хипертензија

Високиот крвен притисок е еден од водечките проблеми на луѓето ширум светот. Често е предизвикан од генетика, болести, лоша исхрана или седечки начин на живот.

712

Зголемениот крвен притисок може да влијае и на развојот на други болести, па треба да се контролира.

Еден начин да се олесни неговата контрола е со правилна исхрана. Она што генерално е точно е дека треба да се намали внесот на сол и алкохол. Но, што треба да избегнувате, а што треба да додадете за почеток на денот?






Премногу солен појадок

Некои од вашите омилени јадења за појадок можат да бидат полни со сол, а нутриционистите предупредуваат дека зголемениот внес на сол во телото може да го зголеми крвниот притисок. Затоа, не ги пресолувајте јајцата и не користете преработени месни производи за вашиот утрински сендвич.

Нутриционистката Ејми Гудсон советува дека ако мора да јадете нешто што содржи сол, секогаш комбинирајте го со поздрава храна, како што се овошје или овесна каша. Дневната количина на натриум што му е потребна на телото е околу 1000 милиграми, или една мала лажичка сол дневно.

Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини