ПРИВЕДЕНИ СЕ ДВАЈЦА ДИЛЕРИ Најдени се дрога и евра при претреси во Кавадарци и во Неготино

209
Полициски службеници од ОВР Неготино вчера попладне го лишија од слобода З.И.(24) од Неготино. По издадена судска наредба, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес и ОВР Неготино, извршија претрес во неговиот дом, при што се пронајдени и одземени 2.000 евра, мобилен телефон и зелена растителна материја. З.И. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.





Вчера во 18:35 часот, полициски службеници за недозволена трговија со дрога од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Ј.А.(31) од Кавадарци.
„По претходно издадена судска наредба, при извршен личен претрес кај него била пронајдена и одземена зелена растителна материја, а при претрес во неговиот дом, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, зелена растителна материја, 21 семка и пакување со цветови од зелена растителна материја. Ј.А. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.
Поврзани содржини