БЕВМЕ ОДБИЕНИ ДА СЕ НАМАЛИ ОЛИМПИЈАДАТА НА 1.000 УЧЕСНИЦИ Ристовски вели дека предложил и да се откаже настанот

Министерството за спорт апсолутно нема никакви законски мерки ниту можности за да биде организатор на едно такво натпреварување, дециден е министерот за спорт во интервју за РСЕ.

2,800

Mинистерот за спорт Борко Ристовки вели дека во личен разговор со претседателот на Eвропскиот олимписки комитет му било укажано дека државата ги нема потребните капацитети и комплекси за младинската Олимпијада. Иако признава дека организацијата во одреден момент затаила, сепак, вели дека тоа не било на катастрофално ниво. Тој уште еднаш нагласи дека Министерството за спорт апсолутно нема никакви законски мерки ниту можности за да биде организатор на едно такво натпреварување.

Во интервју за РСЕ, тој вели дека предложиле или да се откаже Олимпијадата или таа да се редуцира на 1.000 учесници.






– Бевме одбиени од причина што веќе било премногу касно за да се откаже Олимпијадата за младинци, што е и до некаде разбирливо, меѓутоа имаше обид и кажавме ние дека дека ние немаме капацитет за да  организираме вака еден масовен настан – вели Ристовски.

Поврзани содржини