ЕКСПЛОЗИЈА ГО РАЗБУДИ СОЛУН Две лица се повредени од детонацијата, оштетени возила и влез од зграда

Активиран експлозив пред станбена зграда во населбата Сикиес, оштетени возила и фасади.

2,163

Во раните утрински часови пред станбена зграда во солунската населба Сикиес одекнала силна експлозија, информира грчкиот весник „Катимерини“.

Според првичните информации, детонацијата била предизвикана од експлозивен механизам поставен и активиран од засега непознати сторители.






Од експлозијата е причинета значителна материјална штета, оштетени се влезот и прозорците од зградата, фасадите на околните објекти, како и неколку паркирани возила во близина.

Двајца млади лица се здобиле со полесни повреди, најверојатно од скршено стакло. Тие се пренесени во солунската болница „Хипократ“, каде им е укажана медицинска помош.

Грчката полиција спроведува истрага и трага по лицата кои стојат зад нападот. Мотивите засега не се познати, а случајот е предаден на надлежните безбедносни служби.

Поврзани содржини