ВО КАВАДАРЦИ И ВО ВЕЛЕС ИЗМЕРЕНИ БЛИЗУ 43 СТЕПЕНИ Црвен аларм насекаде, екстремните температури ќе траат до сабота

Во Кавадарци денеска во 17 часот е измерена максимална температура од 42,7 степени, во Велес 42,6 степени, а во Демир Капија 42,4 степени. Според УХМР, во Скопје-Зајчев Рид и во Гевгелија се измерени 41,1 степени. Над 40 се измерени и во Битола, Штип (40,5), Струмица (40,5) и во Скопје-Петровец (40,8).

1,057

Топлинскиот бран што трае во македонија денеска донесе екстремни температури над 40 степени Целзиусови во  повеќе градови во Македонија. УХМР и за утре издаде црвен аларм за екстремно топло време.

Во Кавадарци денеска во 17 часот е измерена максимална температура од 42,7 степени, во Велес 42,6 степени, а во Демир Капија 42,4 степени. Според УХМР, во Скопје-Зајчев Рид и во Гевгелија се измерени 41,1 степени. Над 40 се измерени и во Битола, Штип (40,5), Струмица (40,5) и во Скопје-Петровец (40,8).






И утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе достигне 41 степен во Скопје, Гевгелија, Велес и во Демир Капија.

Фото: УХМР

 

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека времето во следните денови, до сабота, 26 јули, ќе се задржи сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност.

Дневната температура наместа ќе надминува 40 степени и насекаде ќе биде над просекот за месец јули. Во недела ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а дневната температура ќе биде во опаѓање.

Попрецизно, додека трае топлинскиот бран, дневната температура во југозападниот, источниот и североисточниот регион ќе се движи од 34 до 38 степени, а во полошкиот регион од 32 до 38 степени. Најтопло ќе биде во Пелагонија, во скопскиот, вардарскиот и во југоисточиот регион, каде температурата преку ден ќе се движи во висок интервал од 38 до 42 степени Целзиусови.

Фото: УХМР

 

Алармите за предупредување на населението од временски непогоди се издаваат во жолта, портокалова и во црвена боја и се дел од системот за метеопредупредувања во Европа. Жолт аларм значи умерена опасност од временските прилики, со можност за умерени последици по околината, портокалов значи дека опасноста е голема, а црвениот аларм предупредува за екстремна опасност, со можност за катастрофални последици по луѓето, нивните имоти и по околината. Алармите се издаваат за различни временски прилики и појави: за ветер, дожд, горештина, студ, снег, мраз, грмотевици, крајбрежни настани, шумски пожари, лавини, поплави, порои, опасности на море и за суша.

ВЛАДАТА ПРЕПОРАЧА РАБОТЕЊЕ ОД ДОМА, БРЕМЕНИТЕ ЖЕНИ И ПОСТАРИТЕ РАБОТНИЦИ ДА СЕ ОСЛОБОДАТ ОД ОБВРСКИТЕ Топлинскиот бран продолжува до петок

 

 

Поврзани содржини