📽️ УКРАДЕНО ВОЗИЛА ПРЕДИЗВИКА ХАОС ВО САД Четири лица загинаа, 16 се повредени, полицијата трага по сторителите
Четири лица го загубија животот, а уште 16 се повредени откако украден автомобил удри во автобус и предизвика верижен судир на автопат во Тексас. Полицијата трага по вооружени бегалци.
Четири лица загинаа, а шеснаесет се повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случи на автопатот во Сан Антонио, Тексас. Според полицијата, трагедијата ја предизвикал возач на украден автомобил „Камаро“, кој со голема брзина удрил во автобус и предизвикал верижен судир со повеќе возила.
Двајца патници од автобусот починале на самото место, а уште двајца им подлегнале на повредите во болница. Меѓу повредените има деца и постари лица, потврди началникот на полицијата во Сан Антонио, Вилијам Мекманус.
Несреќата започнала кога украдениот Камаро удрил во приколка што ја влечел автобусот, по што автобусот удрил во заштитна ограда. Во истиот момент бил удрен и од приколка-влекач и се превртел на страна, при што неколку патници испаднале од возилото.
Најшокантно е тоа што виновниците побегнале од местото на несреќата, не пружајќи никаква помош на жртвите. Се верува дека барем едно лице од бегалците било вооружено, објави „ABC News“.
Потрагата по осомничените е во тек, а полицијата апелира до граѓаните да не им приоѓаат, туку веднаш да пријават доколку ги забележат.