НА БИТОЛСКАТА ЛЕКАРКА Ѝ ДОШЛО ДО 100 ЕВРА Наместо во пензија ќе оди по судови

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка куќен притвор за осомничената.

506

Лишена од слобода e докторка од Битола која вчера била фатена како прима поткуп, соопшти полицијата.

Вчера, (16.07.2025) полициски службеници од СВР Битола, во координација со Јавно обвинителство Битола, ја лишиле од слобода И.Д.(67) од Битола, вработена во Клиничката болница во Битола поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“, казниво по член 357 од Кривичен законик.






По претходно добиени оперативни сознанија и пријавен настан во СВР Битола истиот ден, од страна на полициските службеници извршен е претрес во службените простории кои ги користи И.Д., како и личен претрес врз неа, при што биле пронајдени пари кои потекнуваат од кривичното дело.

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство, против И.Д. поднесе кривична пријава.

Според Обвинителството, осомничената, доктор офталмолог при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, побарала од лице од Ресенско подарок во износ од сто евра за да изврши службено дејствие кое што секако би морала да го изврши, односно да изведе операција – отстранување на катаракта кај сопругата на пријавителот.

На 16 јули, таа го повикала пријавителот на одделението за офталмологија во болницата за да ги земе парите и да закажат операцијa. Тој ѝ дал една банкнота од 100 евра која претходно била обележана, па веднаш откако осомничената ги примила парите полициски службеници извршиле претрес и кај неа ги пронашле парите.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка куќен притвор за осомничената.

Министерството за здравство вчера соопшти дека веднаш е иницирана постапка за утврдување дисциплинска одговорност.

ЛЕКАРКА ФАТЕНА КАКО ПРИМА МИТО Поткуп во битолската болница, жестока реакција на министерството

Поврзани содржини