📷 МАСК ОБЈАВИ МАПА НА ФЕРТИЛИТЕТ НА ЕВРОПА Македонија е меѓу многуте земји со недоволен коефициент
Според мапата, најголемиот дел европски држави имаат ниска стапка на фертилитет означена со црвено. Косово, означено со зелена боја, е на раб на одржливоста со коефициент 1,9.
Американскиот мултимилијардер Илон Маск сподели мапа што покажува дека Европа или мора да се врати на големи семејства или ќе продолжи да старее.
„Или Европа ќе почне да има големи семејства или ќе продолжи да умира“, напиша Маск.
Според мапата, најголемиот дел европски држави имаат ниска стапка на фертилитет означена со црвено. Косово, означено со зелена боја, е на раб на одржливоста со коефициент 1,9.
Македонија, како повеќето земји на континентот, има низок коефициент од 1,48 и е на границата меѓу црвено и портокалово која почнува од 1,5. Србија, Бугарија и повеќето земји од поранешна Југославија се означени со портокалова боја, што е подобро одниско, но се смета за недоволно за формирање одржливи семејства и идни генерации.
Either Europe starts having large families or it will keep dying https://t.co/UNX72ZRn98
— Elon Musk (@elonmusk) July 14, 2025
Коефициент на фертилитет означува број деца по жена кога жената е во плодниот период од 15 до 49 години. Ако бројката е под 1 се смета како екстремно ниско, 1–1,5 – ниско, 1,5–1,9 – недоволно, 1,9–2,1 – блиску до замена на генерација, додека над 2,1 значи одржливо семејство.
Маск е татко на 14 деца, од кои едно починало како бебе.