ЗАРОБЕНА КУЛТУРА И ИСЧЕЗНАТИ ФОНДОВИ ИМ ОСТАВИ ДУИ НА АЛБАНЦИТЕ Албанските уметници сега влегуваат во културните институции врз основа на заслуги, порача Вреди
Носиме нов пристап, подготвуваме сеопфатна стратегија за културно претставување на Албанците. Првпат раководиме со културни институции кои никогаш претходно не биле раководени од Албанци. Ги отвораме институциите за албанските уметници, со достоинство и врз основа на заслуги., ја враќаме културата како столб на идентитетот и на општествениот развој, соопшти коалицијата Вреди.
Повеќе од 20 години на власт, Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја заборави албанската култура, претставувањето на албанските уметници стана спорадично, финансирањето беше политизирано, а културните институции беа претворени во алатки на партиска пропаганда или во извори на сериозна финансиска злоупотреба, соопшти коалицијата Вреди.
„Граѓаните не забораваат. Еве ги фактите што зборуваат сами за себе: Филхармонијата со само 4% застапеност на Албанците. Операта и балетот со само 1% застапеност. Агенцијата за филм затворена за албанските уметници. Националните фестивали, театрите и институциите за културно наследство беа заробени од клиентелистичка мрежа и затворени за албанските творци“, соопшти Вреди.
Уште полошо, се додава, културата не само што беше занемарена, туку во некои случаи беше користена како инструмент за лично богатење со злоупотреба на јавни средства.
„Најскандалозниот случај е изградбата на новата зграда на Театарот и библиотеката во Тетово, каде што, според официјалните информации, е во тек судски процес поради сомнежи за злоупотреба на 13 милиони евра. Одговорностите се јасни и никој не може да избега од минатото што сами го имаат создадено“, се вели во соопштението.
Денес, се додава, кога Вреди е дел од Владата, не бегаме од одговорност, но и не дозволуваме оние што ја уништија албанската култура, денес да се претставуваат како нејзини „заштитници“.
„Носиме нов пристап: подготвуваме сеопфатна стратегија за културно претставување на Албанците. Првпат раководиме со културни институции кои никогаш претходно не биле раководени од Албанци. Ги отвораме институциите за албанските уметници, со достоинство и врз основа на заслуги. Ги поддржуваме проектите што ѝ служат на јавноста, а не на партиските интереси. Ја враќаме културата како столб на идентитетот и на општествениот развој“, соопшти коалицијата.
Вреди секогаш ќе стои на страната на еднаквоста, заслугите и националното достоинство, се додава во соопштението.
„ДУИ исклучуваше, Вреди претставува. ДУИ молчеше, Вреди зборува со дела. ДУИ ја злоупотреби културата, Вреди ѝ го враќа достоинството. Културата не е празничен декор, туку суштински дел од општеството. Со Вреди, таа повеќе нема да биде исклучена“, се ели во соопштението на коалицијата Вреди.