ДОСЕГА ГИ ВОЗЕШЕ САМО ВОЈСКАТА И ПОЛИЦИЈАТА Секоја институција може да купи дел од 1.800-те конфискувани возила

За добивање на привремено одземено возило институциите кои што ќе го преземат возилото се должни да уплатат 93 отсто од неговата вредност, којашто ќе се утврди врз база на проценка, во државниот Буџет, а 7 отсто на Агенцијата за управување со одземен имот. - рече Илиевска. Во случај возилото да треба да се врати на сопственикот по одреден временски период, директорката на Агенцијата појасни дека институцијата која што го презела треба да ги врати на сопственикот тие 93 отсто од вредноста на проценката, додека тие 7 отсто ќе треба да ги исплати Агенцијата за управување со одземен имот, вели директорката Ирена Илиевска.

886

Од денеска сите државни институции можат да дојдат до возилата кои што се привремено или трајно одземени, а со кои располага Агенцијата за управување со одземен имот, рече денеска директорката Ирена Илиевска.

Како што појасни Илиевска, досега со овие возила можеа да управуваат само Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана, а од денеска ќе можат и државните институции кои што ќе поднесат барање до Агенцијата за управување со одземен имот.






– Увидовме дека возилата пропаѓаат. За дел од нив може да се изврши продажба, за оние кои што се конечно завршени постапка. Меѓутоа, за оние кои што се привремено одземени не беше возможна продажбата, ниту отстапувањето, па затоа предложивме нови законски измени кои, кои од денеска се на сила. Со овие измени, до возила може да дојдат сите државни институции кои што ќе поднесат барање до Агенцијата за управување со одземени имот – рече Илиевска.

Илиевска за оваа новост, која е согласно измените на Законот за управување со конфискуван имот, информираше на  17. сесија на Работната група 4 – Правда, слобода и безбедност на тема „Ефикасноста на институционалниот одговор во Македонија на препораките на ЕУ за конфискација и управување со имот стекнат од криминал“.

Агенцијата, додаде Илиевска, на располагање има некаде околу 1.700 до 1.800 возила, дел привремено, а дел конечно одземени.

Согласно законските измени постојат две категории, односно отстапување на возила кои што се конечно одземени и отстапување на возила кои што се привремено одземени.

– Што се однесува за привремено одземени возила, најпрво ние како Агенција треба да побараме согласност од сопственикот од којшто е одземено возилото. Доколку сопственикот не даде согласност, ние се обраќаме до органот којшто го одзел возилото.  Ако добиеме согласност или од сопственикот или од органот којшто го одзел возилото, ние можеме да донесеме одлука согласно барањата на институциите, тие возила да им ги преотстапиме. Со тоа што, доколку е привремено, институциите кои што ќе го преземат возилото се должни да уплатат 93 отсто од неговата вредност, којашто ќе се утврди врз база на проценка. Овие пари треба да ги уплатат во државниот Буџет, а 7 отсто од средствата да ги уплатат на Агенцијата за управување со одземен имот – рече Илиевска.

Во случај возилото да треба да се врати на сопственикот по одреден временски период, директорката на Агенцијата појасни дека институцијата која што го презела треба да ги плати на сопственикот тие 93 отсто од вредноста на проценката, додека тие 7 отсто ќе треба да ги исплати Агенцијата.

– Сето тоа го предложивме за оваа категорија на возила, поради тоа што постапките од одземање до конечно завршување траат премногу долго. Значи имаме пресуди за возила кои што се одземаат по различни основи, дали по основ на убиство, носење дрога, мигранти или поради икс други причини и затоа постапката оди доста долго – рече Илиевска.

Таа додаде дека Агенцијата нема соодветни услови за чување на возилата и тие со години стојат на нивните плацеви на отворено.

– За тој период самата Агенција нема соодветни услови за чување на возилата. На нашите плацеви возилата стојат на отворено. И самите знаете каква е ситуацијата доколку едно возило со години се остави да стои, значи на тоа возило вредноста му опаѓа. Поради тоа, побаравме измена на овој закон. И согласно првичниот закон Агенцијата одлучува дали тие возила ќе ги продава или ќе ги отстапи на некоја државна институција. Тука беа рамноправни сите државни институции. Меѓутоа, тоа е проблемот, што од тие што ги реков, меѓу 1.700 до 1.800 возила, многу малку се возила кои што се со конечни пресуди, дел се возила кои што се категоризирани во групата на старо железо, тоа се возила кои што се стоени повеќе од 10, 15 и 20 години – рече Илиевска.

Поврзани содржини