ДАНЕЛА ОБВИНИ ЗА СЕЧЕНО, ЛЕПЕНО И МОНТИРАНО ВИДЕО ОД МВР Мицкоски повика институциите да постапат по случувањата со Арсовска
Државата има институции, ги повикувам да постапуваат за случајот, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со вчерашните обвинувања од скопската градоначалничка Данела Арсовска дека била нападната во Чаир, а полицијата не реагирала.
Државата има институции, ги повикувам да постапуваат за случајот, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со вчерашните обвинувања од скопската градоначалничка Данела Арсовска дека била нападната во Чаир, а полицијата не реагирала.
– Што се однесува за градоначалничката на Скопје, многу работи се кажани, не би имал што да додадам – одговори кусо Мицкоски на новинарско прашање.
Арсовска вчера изјави дека при увид и инспекциска контрола на дивоградба во Општината Чаир била нападната, прво вербално, а потоа и физички, пред припадници на МВР.
Синоќа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека во нападот имало физички контакт, но, дека е лага и повторен обид за манипулација на јавноста тврдењето дека тоа се случувало пред припадници на полицијата.
Од Град Скопје, пак, утрово реагираа дека по вчерашниот напад врз градоначалничката Арсовска и вработени во Град Скопје, МВР наместо службено прибавениот доказен материјал да го достави до Јавното обвинителство, го лиферувал по медиуми.
„Доказниот материјал кој единствено е во посед на МВР го сечеле, лепеле и го монтирале со цел да прикажат дека градоначалничката на Град Скопје нападнала и тепала командант на ОВК, а го објави по најава на министерот Тошковски, пратеничка на Вреди во Собранието на Република Македонија. Фактот дека доказите од настанот се лиферувани во јавност од единицата ЕУМНА при МВР, кои единствени ги имале во постапката добиено како доказ од градоначалничката, укажува дека МВР е претворено во партиски штаб на Вреди и на ВМРО, за што ќе бидат поднесени и соодветни пријави“, соопштија од Град Скопје.