ДЕВЕТ ПОЖАРИ СÈ УШТЕ БЕСНЕАТ НИЗ ЗЕМЈАВА Горaт шуми, стрништа и депонии, најтешко е кај Блаце и кај Чучер

До 12:30 часот се регистрирани 10 пожари, од кои девет се сè уште активни – се гори на речиси сите страни, од Прилеп до Дојран.

1,199

И денеска продолжува борбата со огнената стихија. Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 12:30 часот во земјава се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои девет се сè уште активни, а еден е локализиран.

Најзагрижувачка е состојбата во општина Чучер Сандево, каде што пожарот кај селата Блаце и Чучер продолжува да се шири низ мешана шума и ниска вегетација. Таму теренот е непристапен, а временските услови и силниот ветер дополнително ја отежнуваат интервенцијата.






Активни пожари се водат во:

Прилеп, кај с. Бешиште – приземен пожар во мешана шума

Македонски Брод – два пожара: еден помеѓу селата Црешнево и Слатин (дабова шума), втор во с. Самаково (лесно запалив материјал)

Велес – кај поранешната фабрика Порцеланка, гори ниска вегетација

Чашка – под Солунска Глава, кај Изворите на Бабуна – чад се појавува во карпест предел

Пробиштип – с. Петршино, пожар во стрниште и ниска вегетација

Чучер Сандево – помеѓу селата Блаце и Чучер, пожарот гори со полна силина

Шуто Оризари – во близина на хотел Њу Стар гори депонија

Дојран – кај с. Николич гори нискостеблеста шума

Локализиран е пожарот во општина Делчево, кај градската депонија.

ЦУК во своето дневно информирање потенцира дека екипите на терен се ангажирани со сите расположливи ресурси, но за гасење на пожарите е неопходна и поголема внимателност од граѓаните, за да не се појават нови жаришта.

Поврзани содржини