ОПШТИНИТЕ ПОНУДИЛЕ 800 ПРОЕКТИ НА ВТОРИОТ ПОВИК ЗА КРЕДИТНАТА ЛИНИЈА ОД 250 МИЛИОНИ ЕВРА Дали градежниците ќе успеат да ги изградат навреме?

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека веќе се разговарало со комората на градежниц и се прави гентограм на активностите.

868

Никогаш не се случило олку голем број на проекти да се реализираат истовремено во змјата. тоа го отвора прашањето дали градежно ќе ги затвориме сите тие проекти, бидејќи знаете, 1.200 градилишта кога ќе се додадат на сите оние веќе постојни градилишта, станува проблем за градежната оператива, изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска во Велес.

Говорејќи за вториот повик за општините од линијата од 250 милиони евра за развој на општините, тој рече дека веќе се прави гентограм на активностите за да се види  како да се завршат проектите навреме.






– Можам да кажам дека вториот повик има повеќе од 800, мислам дека беа 862 проекта, точно не ме фаќајте за збор. Најголемиот дел се во Министерството за транспорт, околу 600. Нешто повеќе од 120 беа во животна средина, генерално во двата повика се околу 1.200 проекти. Тука во Велес, 18 проекти имаме. Ова никогаш не се случило. Е сега имаме еден друг проблем, да видиме дали градежно ќе ги затвориме сите тие проекти, бидејќи знаете, 1.200 градилишта кога ќе се додадат на сите оние веќе постојни градилишта, станува проблем за градежната оператива. Ние веќе остваривме еден таков состанок и со Стопанската комора и со Комората на градежници. Правиме гантограм на активности- рече Мицкоски.

Тој додаде дека 20 милијарди денари се наменети само за локалната самоуправа.

– Оваа поддршка мислам дека е голем мотив и инспирација за општините и за градоначалниците да продолжат да испорачуваат за граѓаните и да го следат примерот на Владата.  Јас сум убеден дека тоа ќе го сторат градоначалниците коишто се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, не само сега, туку и во иднина, после големата победа којашто очекувам да се случи на локалните избори – рече Мицкоски.

Поврзани содржини