„ХУТИТЕ ЌЕ ПЛАТАТ СКАПО!“ Израел ја започна офанзивата „Црно знаме“ како одмазда за нападите врз негова територија

Израелските сили ги таргетирале пристаништата Ходеида, Рас Иса, Салиф и електраната Рас Канатиб покрај Црвеното Море, а меѓу метите бил и товарниот брод „Галакси лидер“, кој беше запленет од Хутите во ноември 2023 година. Според соопштението на израелската армија, Хутите поставиле радарски систем на бродот и го користеле за надгледување пловни објекти во меѓународни води со цел планирање на нови терористички напади.

800

Израел изврши први напади врз Хутите во Јемен по прекинот на огнот со Иран, таргетирајќи пристаништа и електрана околу полноќ, од недела кон понеделник по локално време, објави Си-Ен-Ен.

Нападите уследија откако, според Израелските одбранбени сили (ИДФ), најмалку 3 балистички ракети биле истрелани од страна на Хутите кон Израел по прекинот на огнот, вклучувајќи една што била пресретната во саботата.






Израел ги нападнал пристаништата Ходеида, Рас Иса, Салиф и електраната Рас Канатиб долж Црвеното Море. ИДФ исто така го гаѓал и товарниот брод „Галакси лидер“, кој беше запленет од Хутите во ноември 2023 година.

„Хутите инсталираа радарски систем на бродот и го користеа за следење пловила во меѓународните води, со цел да подготват нови терористички акции“, се вели во соопштението на израелската армија по нападите.

Кратко пред нападите, арапскиот портпарол на ИДФ, Авихај Адраее, издаде предупредување за евакуација на пристаништата и на електраната.

Министерот за одбрана на Израел, Исраел Кац, соопшти дека нападите се дел од новата операција наречена „Црно знаме“. Во објава на социјалните мрежи, тој порача: „Хутите ќе продолжат скапо да плаќаат за своите напади“ и најави нови удари доколку не престанат со истрелувања на дронови и на ракети кон Израел.

Хутите ја потврдија офанзивата, но соопштија дека „јеменската противвоздушна одбрана ефикасно ја одбила израелската агресија“, користејќи „масовен рафал на локално произведени ракети земја-воздух“.

Засега нема информации за жртви.

Членот на политичкото биро на Хутите, Мохамед ал-Фарах, за ТВ Ал-Масира изјави дека таргетирањето на јеменски пристаништа, електрани и други цивилни објекти е „обид да се наштети на цивили и нема врска со воени цели“.

Нападот се случува додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху патува за Вашингтон на средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, Израел е под напад од ракети и од проектили и од Хезболах во Либан, како и од Хутите во Јемен, кои велат дека ги напаѓаат во знак на солидарност со Палестинците.

Хути, поддржани од  Иран, редовно таргетираат и трговски и воени бродови во Црвеното Море.

Во март, САД извршија масовни воздушни напади врз Јемен со цел да ја намалат воената моќ на Хутите.

 

Поврзани содржини