ИСТОРИСКИ БРОЈКИ ВО ПОЛЗА НА ВМРО-ДПМНЕ Перински најавува огромен триумф на локалните избори

Во коментар на неофицијални информации дека в недела на седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ актуелниот градоначалник на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски ќе добие поддршка за кандидатура за градоначалник на Скопје, а за која и тој се споменуваше, министерот Златко Перински рече да се почека со состанокот, но најави дека кандидатот што ќе биде соопштен ќе има целосна поддршка од него. 

387

Генерално нашите очекувања за победа на претстојните локални избори се големи и базирани се на историски позитивни бројки во корист на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, изјави денеска министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Очекувањата, базирани на тие бројки, дополни тој, се дека можеби и во секоја општина во Македонија имаме шанси да победиме.






– Секако тука го ставам и овој коментар за градот Скопје каде што навистина нашата партија е доминантно позиционирана и не очекувам никакви изненадувања. Во делот на општина Центар навистина ова е во некоја фаза би рекол на шпекулација, за многу кратко време ќе се затвори овој процес, барем од наша страна и за неколку дена би имале потврда на тоа како ќе настапиме во следниот период – посочи Перински, на новинарско прашање на прес-конференцијата за отчетот за првата година од мандатот.

Во коментар на неофицијални информации дека в недела на седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ актуелниот градоначалник на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски ќе добие поддршка за кандидатура за градоначалник на Скопје, а за која и тој се споменуваше, Перински рече да се почека со состанокот, но најави дека кандидатот што ќе биде соопштен ќе има целосна поддршка од него.

– Оваа информација која што вие ја споделивте се уште ја немам. Најдобро е да почекаме до недела, точно е, во 12 и 30 нашата партија ВМРО-ДПМНЕ има закажано состанок на ИК. И очекувано е да се соопшти името за градот Скопје, не само за Орце Ѓорѓиевски, туку и за кој било кандидат којшто ќе биде поддржан од мојата партија. Пред се, тоа е огромна чест и ќе ја има мојата целосна поддршка, не само во насока на спроведување на програмата, туку и во кампањскиот период којшто ќе не очекува во очи на локалните избори – рече Перински.

Уверува дека во ресорот работел посветено, но не поради кандидатура за прв човек на Град Скопје.

– Дадов сè од себе, во делот на она што можам да го направам од овој ресор, но тоа не беше главно фокусирано кон кандидатурата за потенцијален кандидат за град Скопје, туку тоа е принципот којшто јас работам. И без разлика кој и да биде кандидат за градоначалник, повторно кажувам, ја има мојата целосна поддршка, а моето темпо на работа ќе си продолжи исто како и до сега – потенцира Перински.

Поврзани содржини