КОЈ ГОРИ ПЛАСТИКА ВО КУМАНОВО? Жителите се жалат на непријатен мирис

Од 112 утринава во 05:40 часот имаме поплака од граѓанин кај автобуска станица на Куманово на загаден воздух кој мириса на пластика и бара од надлежните да излезат на терен да ги најдат виновниците кои цело време палат пластика и го загадуваат воздухот во Куманово - велат од РЦУК.

82

Кумановци утрово повторно реагираа на мирис на пластика и бараат надлежните органи да интервенираат и да ги фатат сторителите, информира РЦУК Куманово.

– Од 112 утринава во 05:40 часот имаме поплака од граѓанин кај автобуска станица на Куманово на загаден воздух кој мириса на пластика и бара од надлежните да излезат на терен да ги најдат виновниците кои цело време палат пластика и го загадуваат воздухот во Куманово – велат од РЦУК.






Граѓаните од месната заедница „Панче Пешев“ Куманово, одржаа состанок на кој разговараа со проблемите од речиси секојдневното палење на отпад, смет, шут, гуми на потегот над нивната урбана заедница од Спомен костурницата сè до влезот на населбата „Перо Чичо“. Граѓаните од овој дел на Куманово постојано се жалат на чад и огин кој го предизвикуваат несовесни граѓани. Во изјавата за медиумите, жителите на „Октомвриска револуција“ посочија дека постојано дишат загаден воздух, немаат можност да отворат прозорци, не можат да излезат и да се дружат во населбата, укажувајќи дека несовесното однесување го отежнува нормалното живеење во урбаната заедница. Благо подобрување, велат граѓаните има по одржување на кризниот штаб.

Проблемот со опожарување на површини беше тема на кризниот штаб кој одржа средба и донесе повеќе заклучоци меѓу нив и интензивна соработка на општинските и државните институции за да се спречат пожарите во урбаните заедници во Куманово, формирање мешани тимови кои ќе патролираат на најкритичните места каде што речиси секојдневно има пожари, интензивно чистење на „дивите“ депонии на овој потег, поставување на големи садови за смет … Градоначалникот, Максим Димитриевски на последната прес-конференција повика граѓаните да споделуваат видео-материјал и фотографии од прекршителите и да ги испраќаат до општината. Според податоците на противпожарната единица Куманово дури една третина од пожарите во јуни биле на потег од „Доне Божинов“ Спомен Костурница сè до влезот на населба „Перо Чичо“.

Според истражувањата изработени преку проект во Куманово дефинирани се шест извори на загадување согорувањето на биомаса, сообраќајот, согорување на оган на отворено и отпад, согорување на мазут и нафта, со најмал процент е минерална прашина и секундарните аеросоли.

Поврзани содржини