МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН ЗАГИНА ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО СРБИЈА Возилото излетало од патот и се превртело

Возилото „киа“ утрово околу 5.15 часот излетало од автопатот Нови Сад-Суботица, кај населбата Вишњевац, при што загина сопатникот Н. А. (39), додека возачот А. А. (60) е тешко повреден и е пренесен во болницата во Суботица.

2,667

Македонски државјанин рано утрово загина во Србија, на автопатот  Нови Сад-Суботица, кон граничниот премин со Унгарија, Хоргош, а друго лице е тешко повредено.

Возилото „киа“ утрово околу 5.15 часот излетало од патот кај населбата Вишњевац, помеѓу клучката Жедничка и наплатната станица во Суботица, а потоа се превртело. Загина сопатникот Н. А. (39), додека возачот А. А. (60) е тешко повреден и пренесен во болницата во Суботица.






Сообраќајната полиција и обвинител на Основното јавно обвинителство во Суботица извршија увид на местото на настанот.

Полицијата во Суботица соопшти дека против возачот ќе биде поднесена кривична пријава за тешко кривично дело против безбедноста на јавниот превоз.

Поврзани содржини