ХАМАС БАРА ГАРАНЦИИ ДЕКА ВОЈНАТА ЌЕ ЗАВРШИ Израел верува дека има добри изгледи за примирје и за договор за заложниците

Хамас во петок утрината соопшти дека го разгледува предлогот за примирје заедно со други палестински групи идека ќе им одговори на медијаторите по завршување на консултациите.

101

Палестинското движење Хамас се обидува да обезбеди дека новиот американски предлог за прекин на огнот во Појасот Газа ќе доведе до крај на војната, соопшти синоќа групата.

Израелски претставници изјавија дека изгледите за прекин на огнот и за договор за заложниците се добри, речиси 21 месец по почетокот на војната меѓу Израел и Хамас.






Напорите за постигнување прекин на огнот во Појасот Газа се зголемија откако САД обезбедија прекин на огнот во 12-дневниот конфликт меѓу Иран и Израел, но израелските напади врз Газа продолжија со несмален интензитет, при што вчера загинаа најмалку 59 лица, соопштија здравствените власти на територијата.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека Израел се согласил на условите за 60-дневен прекин на огнот со Хамас, за време на кој двете страни ќе работат на прекин на војната.

„Двајца високи израелски претставници изјавија дека деталите сè уште не се разработени.

Во соопштение рано утрово, Хамас соопшти дека го дискутира предлогот за прекин на огнот со други палестински групи и дека ќе им одговори на медијаторите штом ќе завршат дискусиите.

Египетските и катарските медијатори работат на обезбедување гаранции од САД и од меѓународната заедница дека разговорите за завршување на војната ќе продолжат како начин да се убеди Хамас да го прифати предложеното двомесечно примирје, соопштија египетски безбедносни извори.

Висок израелски функционер, близок до премиерот Бенјамин Нетанјаху, изјави дека се во тек подготовки за одобрување на договорот. Друг извор додаде дека Израел очекува Хамас да одговори до петок и дека доколку биде позитивен, израелската делегација ќе се вклучи во индиректни разговори за потпишување договор.

Предлогот вклучува постепено ослободување на 10 живи израелски заложници и враќање на телата на 18 починати во замена за палестински затвореници кои се држат во израелските затвори. Од педесетте преостанати израелски заложници во Газа, се верува дека 20 се уште се живи.

Хуманитарната помош ќе биде дозволена веднаш во Појасот Газа, а израелската војска постепено ќе се повлече од енклавата.

Поврзани содржини