НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА „ГЕНТЕРМ“ ВО СКОПЈЕ Изградбата на погонот ќе чини 30 милиони евра, а ќе бидат отворени 300 работни места
Во погонот ќе се произведува високо интегрирани системи за автомобилската индустрија со нова технолошка опрема, автоматизиани линии и современо производство
Американската компнијата „Гентерем“ ќе гради нов погон во Скопје. Инвесицијата ќе изнесува 30 милиони евра, а се планира вработување на 300 нови вработени, информира на пресконференција премиерот Христијан Мицкоски.
Во погонот ќе се произведува високо интегрирани системи за автомобилската индустрија со нова технолошка опрема, автоматизиани линии и современо производство.
– Ова зналитлено ќе го зголеми извозот, о ова високо технолошко призводство ќе значи дека сме конкурентни и на тој сегмент. Со тоа стануваме регионален хаб на Гентрем за Европа – изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Тој рече дека ова не е само уште една иинвестиција, тоа е двигател на нашата економија.Со вакви проекти расте индустриското производство се отвораат нови работни места се зголемува извозот, а со тоа расте и довербата во нашата економија . Расте вредноста на македонското знаење убеење и труд –рече Мицкоски.
Тој рече дека резутатите од инвестициите веќе се видливи.
-Минатата година година ја завршивме со рекордно највисоко ниво на странски директни инвестиции 1,255 милијарди евра. Никогаш досега во историјата немало ваков прилив на капитал.во првите месеци од годината расте индустриското производство, а во мај е постигнато највисоко историско ниво во последната деценија на раст од 9,4%.И тоа не се само зборови. Тоа се реални бројки, резултат на доербата што инвеститорите го имаат во овој нов политички амбиент- рче Мицкоски.
Тој додаде дека ќе треба извесно време ова да се почувствува и во реалната моќ на граѓаните.
-Правиме се тоа да биде што побрзо и тој период да биде што е можно пократок – рече Мицкоски.
Тој потесети дека оваа влада гради реално, не како порано кога инвестирањето било поврзано со корупција.
Американскта компанија веќе работи во ТИРЗ Прилеп.