429 МОТОЦИКЛИСТИ КАЗНЕТИ ЗА САМО 6 ЧАСА Санкционирани 267 возачи без кациги, 83 без дозвола, одземени и мотори

Полицијата санкционираше вкупно 429 прекршители, ќе следат нови акции низ целата држава.

219

Полицијата вчера спроведе масовна сообраќајна акција низ целата држава при што се санкционирани вкупно 429 возачи на мотоцикли, а најголем дел од нив, дури 267, биле казнети за некористење заштитна кацига при возење, информира МВР.

Акцијата се одвивала во периодот од 16:00 до 22:00 часот, и имала за цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот, особено кај мотоциклистите, група која е често изложена на ризик во сообраќајните несреќи.






Освен за неносење кацига, биле изречени и 83 казни за возење без возачка дозвола, додека 12 мотоцикли биле одземени, бидејќи сопствениците возеле со истечена сообраќајна дозвола или предизвикувале прекумерна бучава.

Дополнително, биле санкционирани и 189 други прекршоци, како брзо возење, погрешно престигнување и непрописно паркирање.

Од МВР велат дека овие акции ќе продолжат и во наредните денови, со зголемен број на контроли во сите региони.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот, особено мотоциклистите, да ги почитуваат сообраќајните правила и да носат кациги, бидејќи тоа може да спаси живот. Заедно можеме да создадеме побезбедни патишта за сите“, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Поврзани содржини