ОВАА ЗЕМЈА МУ ЈА УКИНА ВИЗАТА НА КАНЈЕ ВЕСТ Поради песна за Хитлер и „увоз на нацизам“

Министерот за внатрешни работи Тони Бурк рече дека Австралија „нема потреба од промоција на нацизмот“ и објасни дека властите дејствувале откако раперот објавил песна наречена „Хајл Хитлер“ на 8 мај, годишнината од поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна.

183

Министерот за внатрешни работи Тони Бурк рече дека Австралија „нема потреба од промоција на нацизмот“ и објасни дека властите дејствувале откако раперот објавил песна наречена „Хајл Хитлер“ на 8 мај, годишнината од поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна.

Песната брзо стана вирална на социјалните медиуми, иако е забранета на платформи како што е Јутјуб. Во видеото се прикажани афроамерикански статисти во животински кожи кои пеат рефрен во кој го фалат Хитлер, а песната завршува со говор на нацистичкиот диктатор.






Канје Вест, кој е во брак со Австралијанката Бјанка Ценсори, често ја посетува Австралија за да го посети нејзиното семејство. Министерот рече дека раперот во минатото давал навредливи коментари, но дека одлуката за одземање на неговата виза е донесена откако песната е објавена.

– Тој доаѓа во Австралија веќе долго време. Има семејство тука и кажа многу навредливи работи што беа разгледани од моите службеници откако беше објавена песната. Тој повеќе нема важечка виза во Австралија – рекол Бурк на државната телевизија.

Бурк појасни дека укинувањето на визите нема никаква врска со концертите, туку со ставот на Австралија дека нема да „увезува омраза“. Тој нагласи дека иако австралиските граѓани имаат слобода на изразување, земјата не сака дополнителни проблеми поради намерното ширење на нетолеранција.

Не беше прецизирано дали му е трајно забранет влезот – секое ново барање за виза ќе се разгледува одделно.

Патем, Канје Вест е познат по својата музичка кариера со 24 Греми награди, но во последните години даде низа антисемитски изјави и отворено покажа симпатии кон нацизмот. Познат е и по тоа што го поддржува Доналд Трамп, а неодамна го бранеше Шон Диди Комбс на суд, кој се соочува со обвиненија за трговија со луѓе и сексуална експлоатација.

Вест треба да одржи концерт во Братислава, Словачка, на 20 јули, а повеќе од 3.000 луѓе потпишаа петиција против настапот, обвинувајќи го за отворена поддршка на нацистичката идеологија.

Поврзани содржини