📽 „БАЈДЕН САКАШЕ ДА МЕ СМЕСТИ ЗАД РЕШЕТКИ – ТОЈ КУЧКИН СИН!“ Трамп го нападна својот претходник при посета на мигрантскиот камп „Алигатор Алкатраз“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно го обвини неговиот претходник, Џо Бајден, дека стои зад федералните обвиненија против Трамп, поврзани со изборите во 2020 година и со класифицирани документи.

675

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го нарече поранешниот претседател Џо Бајден „кучкин син“ додека разгледуваше притворен објект во Флоридската мочуришна област Еврглејдс, познат како „Алигатор Алкатраз“ (Aligator Alcatraz), тврдејќи дека неговиот претходник сакал да го стави зад решетки на ист начин.

– Бајден сакаше да бидам овде, во ред? Сакаше да бидам овде. Не успеа, ама сакаше да бидам тука, тој кучкин син – рече Трамп на 1 јули покрај кафези од челична ограда со кревети кои ќе служат за сместување задржани мигранти почнувајќи од среда.






Трамп повторно го обвини Бајден за неговите федерални обвиненија од 2023 година, водени од специјалниот обвинител Џек Смит, поврзани со неговите обиди да го поништи изборот во 2020 година и да прикрие класифицирани документи. Трамп тврди дека обвиненијата биле политички мотивирани за да му ги намалат шансите да победи на изборите во 2024 година.

Двата случаја беа затворени откако Трамп беше избран за втор мандат во 2024 година.

Поврзани содржини