📷 НЕВЕРОЈАТНА СЦЕНА ОД СВЕТА ГОРА Мел Гибсон покрај слика од Дража Михаиловиќ

За време на својот престој во Света Гора, актерот Мел Гибсон учествуваше во целоноќното бдение и на манастирската трпеза, а се сретна и со игуменот отец Методиј.

2,152

Холивудскиот актер, режисер и продуцент Мел Гибсон го посети манастирот Хиландар на Света Гора во пресрет на православниот празник Видовден. Тој пристигна на 27 јуни и ќе остане неколку дена, барајќи духовна инспирација пред почетокот на снимањето на својот нов филм „Воскресение“, закажано за септември.

За време на престојот, Гибсон учествуваше во целоноќното бдение, присуствуваше на манастирската трпеза и се сретна со игуменот отец Методиј и со браќата монаси.






На социјалните мрежи се појави фотографија што предизвика големо внимание, на која Гибсон позира покрај српски православен монах, а во позадина е забележлива слика од генерал Дража Михаиловиќ.

Инаку, Гибсон е традиционалистички католик, кој по период на отуѓеност се вратил кон старите верски практики.

Поврзани содржини