ОД ЛОКАЛНО ДО ЕВРОПСКО Лидл отвора нови можности за македонското земјоделство
Иако Лидл сè уште не ги отворил своите маркети во Северна Македонија, влијанието врз локалната економија е веќе мерливо. Само во 2024 година, повеќе од 5.500 палети сертифицирано македонско овошје и зеленчук се извезени преку европската мрежа на Лидл.
Потрошувачите денес имаат поголеми барања, а ние во Лидл секогаш се трудиме да ги исполниме нивните критериуми за побезбедна, поздрава и поквалитетна храна. Преку соработката со Лидл, македонските компании добиваат можности за сертификација на своите производи со „Global GAP“ и „GRASP“ сертификати, а со тоа и да ги пласираат своите производи подобро на европските пазари, изјави Милена Драгијска-Денчева, извршен претставник на Лидл, на денешниот настан организиран во Скопје.
Иако Лидл сè уште не ги отворил своите маркети во Северна Македонија, влијанието врз локалната економија е веќе мерливо. Само во 2024 година, повеќе од 5.500 палети сертифицирано македонско овошје и зеленчук се извезени преку европската мрежа на Лидл. Овој резултат е доказ дека македонските производители имаат капацитет да ги исполнат строгите меѓународни стандарди, како што се „Global GAP“ и „GRASP“.
Настанот беше организиран во соработка со Стопанската комора на Северна Македонија, Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) и здружението „Макфреш“. Целта е подигнување на стандардите на земјоделството преку сертификација и проширување кон европските пазари.
На конференцијата присуствуваа повеќе од 100 компании и експерти, меѓу кои и проф. д-р Сузана Јордановска, директорка на Државната фитосанитарна лабораторија. Стандардите ги презентираа експертите Васил Трпевски и Зорица Смилевска, со акцент на безбедноста на храната, одржливото производство и подготвеноста за извоз.
Дополнително, Јан-Аксел Фос, заменик-амбасадор на Германија во Скопје, нагласи дека германската влада со децении го поддржува македонскиот агро-прехранбен сектор.
– Со отворањето на Лидл, што ќе биде најголемата германска инвестиција во секторот, македонските производители добиваат директна и конкретна бизнис можност за проширување кон европскиот пазар – рече Фос.
Слична порака испрати и Михал Харари, заменик-шеф на мисијата во Амбасадата на Швајцарија.
– Преку програмата ИМЕ воспоставивме успешни модели на локални компании кои стекнаа сертификати и се интегрираа во глобалните синџири. Партнерството со Лидл отвора врати за многу други – изјави Харари.
Соработката меѓу Лидл, ИМЕ и „GIZ“ е официјализирана преку проектот „Fit for Supply“, чија цел е директна поддршка за македонските производители: Лидл обезбедува насоки и канал за извоз, ИМЕ кофинансира до 50% од трошоците за сертификација, а „GIZ“ нуди експертиза.