ЗЕМЈАТА ПОД ОГАН, НЕБОТО СО МОЛЊИ Наутро пекол, но попладне невреме со град и грмежи

Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време, со слаб ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови, делови од Скопската котлина ќе бидат зафатени од нестабилност, со појава на пороен дожд, грмежи и краткотрајно силен ветер. Локално можно е и краткотрајно невреме, предупредуваат метеоролозите.

870

Утре нѐ очекува вистински тропски ден со температури кои на некои места ќе достигнат дури 40 степени Целзиусови, предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

– Денот ќе биде сончев и многу топол, со мала до умерена локална облачност. Но, попладне и во вечерните часови се очекува дестабилизација на времето, со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има и невреме со интензивни врнежи, силни електрични празнења и појава на град, особено во западните и северните делови од земјата – информираат од УХМР.






Минималните утрински температури ќе се движат од 12 степени во Берово до 22 во Скопје, а максималните дневни од 31 во Маврово и 40 Целзиусови степени во Гевгелија.

Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време, со слаб ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови, делови од Скопската котлина ќе бидат зафатени од нестабилност, со појава на пороен дожд, грмежи и краткотрајно силен ветер. Локално можно е и краткотрајно невреме, предупредуваат метеоролозите.

Како што најавуваат метеоролозите температурата главниот град ќе се движи од 22 до 39 степени.

Од УХМР апелираат граѓаните да бидат внимателни во попладневните часови и да избегнуваат движење на отворено, особено на сонце. Воедно, се советува да се следат локалните прогнози и најавите од институциите, бидејќи условите може да се променат за кратко време.

Поврзани содржини