ПОТРОШУВАЧКАТА КОШНИЧКА ЌЕ СЕ ПРЕСМЕТУВА ЗА ЧЕТИРИЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО Дурмиши тврди дека ќе биде реална слика на месечните трошоци

Тој појасни дека подотоците кои ќе се користат во пресметување на државната потрошувачка кошничка ќе бидат од релевантни институции.

99

Државната потрошувачката кошница ќе се прави за четирилчлено семејство, не како што беше најавено за тричлено семејство, информира денеска министерот за економија Бесар Дурмиши.

– Таа е веќе подготвена. Таа ќе биде реална во однос на месечните трошоците на семејствата. Треба да ја разгледа Економско социјалниот совет пред да се објави во јавност – рече,  Дурмиши.






Потрошувачката кошничка, како што рече, Дурмиши ја прават посебни групи од повеќе министерства.

Дуриши рече дека потрошувачката кошничка ќе биде на дневен ред на првата седница на економско социјалниот совет која ќе се одржи веднаш по утврдувањето на репрезентативноста на синдикатите кое е при крај.

Тој појасни дека подотоците кои ќе се користат во пресметување на државната потрошувачка кошничка ќе бидат од релевантни институции.

– На пример цените кои ќе се користат нема да бидат од еден маркет како што тоа го прават синдикатите, туку од 3 до 5 маркети. Ќе се пресметува просечната цена која ќе се користи во пресметките – рече Дурмиши.

 

 

Поврзани содржини