📽 (ВОЗНЕМИРУВАЧКО) НАПАЃАЧИ ВО МЕКСИКО ЕМИТУВАА ЗЛОСТОРСТВО ВО ЖИВО На отворен настан беа убиени 12 лица и рането дете

Нападот се случил завчера во градот Ирапуато, кој се наоѓа во централно Мексико, соопшти полицијата. Мотивот за нападот сè уште не е познат.

624

Дванаесет лица беа застралени и убиени на забава во Мексико во нападот бил пренесуван во живо на Фејсбук, објави весникот АМ. Според „Кронен цајтунг“ напаѓачите отвориле оган во моментот кога луѓето танцувале на музика во живо на отворено.

Нападот се случил завчера во градот Ирапуато, кој се наоѓа во централно Мексико, соопшти полицијата. Мотивот за нападот сè уште не е познат.






– Истрагата е во тек – изјави претседателката на Мексико Клаудија Шајнбаум.

Според локалните медиуми, неколку лица биле повредени, меѓу кои и едно дете.

Ирапуато брои околу 660.000 жители и се наоѓа на околу 330 километри северозападно од главниот град Мексико Сити, во државата Гуанахуато. Регионот со години е погоден од насилство предизвикано од нарко-картели и други криминални групи.

 

Поврзани содржини