19-ГОДИШЕН МАКЕДОНЕЦ СЕ УДАВИ ВО ГРЦИЈА Реагирале спасувачите, ама не успеале да го спасат

Според извештајот на волонтерот-спасител и член на EAC, Јоанис Т. Колокитас, момчето доживеало срцев удар по давењето, при околности што сè уште не се целосно разјаснети.

1,229

Трагичен инцидент се случи на централната плажа во Ханиоти, на Халкидики. Според пишувањата на грчките медиуми, животот го загубил 19-годишен државјанин на Македонија. Тој се удавил во морето.

Според извештајот на волонтерот-спасител и член на EAC, Јоанис Т. Колокитас, момчето доживеало срцев удар по давењето, при околности што сè уште не се целосно разјаснети.






Локалниот спасувач веднаш реагирал, а со помош на капачите, момчето било извлечено од водата. Следела итна реанимација, во која бил користен и автоматски надворешен дефибрилатор (AED).

Екипа на итната медицинска помош ЕКАБ пристигнала брзо и ја продолжила реанимацијата, но, и покрај сите напори, не било можно да се спаси животот на момчето.

Деветнаесетгодишникот бил префрлен во Здравствениот центар Касандрија, каде што лекарите подоцна ја констатирале смртта.

Поврзани содржини