📽 УАПСЕН ФИТО, ЕКВАДОРСКИОТ „БОГ НА ПОДЗЕМЈЕТО“ Се криел под мијалник во кујна

Најбараниот нарко-бос во Еквадор е уапсен по една година бегство, криејќи се во дупка под кујнскиот пулт.

628

Еквадорскиот „бог на подземјето“, наркобосот Фито, со целосно име Хозе Адолфо Масијас, беше фатен од властите по повеќе од една година. Фито се криел во дупка под мијалник во кујна во објектот во неговиот роден град Манта, пренесува Мондо.

Наркобосот кој ги водеше озлогласените Лос Чонерос, криминална банда, избегал од затворот во кој имало максимална безбедност Акцијата за негово лишување од слобода траела 10 часа, пишува Си-Ен-Ен на еквадорски.






Еквадорската војска објави снимка од војник кој му вперил пиштол во главата на Фито додека тој се крие во дупката. Снимката може да се види на следниот линк.

Неколку недели пред неговото апсење владата на Еквадор објави дека ќе ја зголеми наградата за неговото апсење на 1 милион долари.

Масијас има богато криминално досие, вклучувајќи обвиненија за убиство и организиран криминал, и беше осуден на 34 години затвор во 2011 година.

Властите сè уште не објасниле како избегал. Неговото исчезнување било откриено дури кога војската дошла да го земе за да биде префрлен во друг затвор и пронашла празна ќелија. По бегството била прогласена 60-дневна вонредна состојба.

Во овој период, маскирани вооружени лица упаднале во телевизиско студио за време на пренос во живо, тврдејќи дека имаат бомби.

Интерпол брзо издаде меѓународна потерница за Масијас, кој треба да се појави на суд во Њујорк по обвинение за меѓународна трговија со дрога и оружје. Наркобосот е обвинет за дистрибуција на кокаин низ целиот свет и шверц на оружје и муниција од САД во Еквадор, во соработка со мексикански картели.

Еквадорскиот претседател Даниел Нобоа потврди дека неговата влада веќе побарала екстрадиција на Масијас во САД и најави дека „ќе паднат повеќе познати водачи на банди“.

Масијас, кој имаше речиси култен статус кај дел од јавноста, беше познат по организирање забави со алкохол и борби со петли во затвор. Во 2023 година, тој објави видео обраќање до луѓето од затворот, опкружен со вооружени чувари. Минатата година, САД ги прогласија Лос Чонерос за една од најнасилните банди во светот, додека Еквадор ја означи групата за терористичка организација.

 

Поврзани содржини