СЕКОЈА ИНВЕСТИЦИЈА НОСИ ПРОФИТ И ПОВИСОК СТАНДАРД Азески смета дека гаранцијата од Обединетото Кралство значи стабилност

На економски план, секоја инвестициска активност за нас е добредојдена бидејќи без неа не може да се остварат двете начела на бизнисот, а тоа се компаниите да остварат профит, а граѓаните да го зголемат животниот стандард, вели Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Македонија.

79

Гаранцијата што Македонија ја добива од Обединето Кралство за кредитирање, значи многу за општата стабилност на државата и за регионот, бидејќи Обединетото Кралство е значаен фактор во светот и на политички и на економски план. И ваква една земја да гаранатира за одредени средства за нашата држава значи дека застанува зад нас и тоа е значаен поттик за политичко средување на состојбите а и за економската активност. На економски план, секоја инвестициска активност за нас е добредојдена бидејќи без неа не може да се остварат двете начела на бизнисот, а тоа се компаниите да остварат профит, а граѓаните да го зголемат животниот стандард, вели Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Македонија, во ставот искажан за инвестициската клима.

Азески става акцент и на капацитетот на државата да ги искористи парите понудени согласно гаранцијата, но и за капацитетот на домашните компании да се вклучат во инвестициските активности. Тој посочува дека Стопанската комора во овој период е целосно насочена кон тоа да им помогне на компаниите да ги оспособи непречено да се вклучат во таа работа и дека за секој нов проблем со кој фирмите ќе се соочуваат Комората ќе се вклучува во изнаоѓање решение.






– На пример за заедничкиот настап на компаниите за учество на меѓународните тендери градиме конзорциуми и иницираме формирање конзорциуми. Кај образованието за потребите на бизнисот работиме на формирање кадар онаков како што бараат компаниите. Работиме и на поддршка на компаниите за заеднички настап на трети пазари, заедички производи, на извозната активност. Железницата е рак рана на македонската инфраструктура а ние се наоѓаме на коридор кој има транзитна позиција и е значаен за поврзување на Централна Европа и Медитеранот со Блискиот Исток. Само ние уште имаме повисока цена на транспорт со камионски превоз од железнички – вели претседателот Азески.

Поврзани содржини