„ЦЕЛТА НА СКОПЈЕ НЕ Е ВАВИЛОН, ТУКУ БРИСЕЛ“ Жељазков сподели што разговарал со Сиљановска Давкова

Премиерот Жељазков оценил дека разговорот со Сиљановска бил „многу добар“ и дека бил фокусиран на теми како што се човековите права и европските вредности.

436

Бугарскиот премиер Росен Жељазков, за време на самитот на НАТО во Хаг, остварил средба со претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, информира Владата на Бугарија во објава на социјалните мрежи.

– Ја побарав претседателката на Република Македонија бидејќи ставот на Бугарија е дека РСМ треба да биде дел од ЕУ врз основа на сопствените заслуги – истакнал Жељазков.






Тој потсетил дека Бугарија останува доследна на декларацијата од мај 2022 година, нагласувајќи дека заштитата на правата на Бугарите во РСМ е од клучно значење за Софија.

Жељазков оценил дека разговорот со Сиљановска бил „многу добар“ и дека бил фокусиран на теми како што се човековите права и европските вредности.

– Разговаравме за фактот дека јазикот што го користат функционерите во двете земји треба да всадува пријателство, а не омраза. Ќе си дозволам една аналогија – целта на нашите пријатели од РСМ не е да го преземат Вавилон, туку да влезат во ЕУ, што се базира на критериумите за членство – истакна бугарскиот премиер.

Поврзани содржини