ФЛЕКСИБИЛЕН SUV ПОГОДЕН ЗА СЕМЕЈСТВА СО МНОГУ БАГАЖ „Опел фронтера“ изобилува со простор
Frontera е достапна и како hybrid со пет седишта, а купувачите кои бараат целосно електрична опција без емисии на гасови можат да ја изберат Frontera Electric.
Ефикасна, електрифицирана и со изобилство на простор, новата Opel Frontera е подготвена за секојдневни авантури. Семејниот SUV блеска не само со својот робустен дизајн, паметните решенија и прифатливите цени, туку пред сè и со широкот спектар на апликации, пријатно воздушеста внатрешност и до околу 1.600 l волумен за Вашиот товар.
Од торби за пазарење до разни куфери, кутии за транспорт, сè што треба да се понесе на долго патување може да го сместите во овој SUV.
Frontera е достапна и како hybrid со пет седишта, а купувачите кои бараат целосно електрична опција без емисии на гасови можат да ја изберат Frontera Electric. Со должина на возилото од 4.385 mm, ширина од 1.849 mm (со склопени надворешни ретровизори) и висина од 1.635 mm, Frontera овозможува изобилство на простор.
Дури и со подигнати задни седишта ова SUV возило има 460 l волумен на багажникот. Кога задните седишта, кои можат флексибилно да се поделат во сооднос 60:40, се склопени, капацитетот се зголемува до околу 1.600 l, споредливо со капацитетите на товарниот простор на бестселерот во компактната класа Opel Astra Sports Tourer. Добиениот товарен простор со должина до 1.876 mm и ширина од 937 mm може да смести броен багаж или работен алат од различни големини и форми. Товарењето одзади е едноставно со прагот за товарење висок приближно 77 cm.
А доколку пространиот SUV треба да превезува повеќе од 5 лица, тој може да се справи и со ова. Во GS нивото на опрема, Frontera може да се нарача со седум седишта. Двете дополнителни седишта во третиот ред може да се склопат поединечно, така што се задржува нејзината флексибилност.
Frontera има вистински решенија во форма на практична дополнителна опрема за сите потреби на подолги и пократки дестинации. Широката гама вклучува кровни кутии во различни големини, како и кровни носачи или транспортни торби, кои дополнително го зголемуваат волуменот за товар, а со тоа и практичноста за секојдневна употреба на Frontera, а исто така обезбедуваат ред, уредност и безбедност за време на транспортот.