📽 МАСОВЕН НАПАД СО ШПРИЦЕВИ НА ФЕСТИВАЛ ВО ФРАНЦИЈА Која супстанца им била вбризгана на 140 девојки?

Некои од нападнатите жени покажале симптоми на мачнина и веднаш биле префрлени во болница, каде што се спроведуваат токсиколошки анализи.

2,823

Повеќе од 140 жени во Франција, од кои многумина се тинејџерки, поднеле пријави дека биле нападнати со шприцови со непозната супстанција, пренесува „Гардијан“. Властите во Франција се соочуваат загрижувачки бран напади врз жени за време на годинешниот фестивал „Fête de la Musique“.

Напади се пријавини и во други градови каде што се одржува фестивалот, а најмногу во главниот град Париз. Во Ањер-сур-Сен, 8 млади жени биле боцкани со шприцеви на главниот плоштад. Шест од нив поднеле официјални пријави и се здобиле со медицинска помош. Слични инциденти се пријавени и во Мец и Гренобл.






Француската полиција досега приведе 12 осомничени, а во градот Ангулем се уапсени четири лица за кои се верува дека стојат зад нападите на околу 50 луѓе. Се истражува можноста нападите да биле координирани.

Некои од нападнатите жени покажале симптоми на мачнина и веднаш биле префрлени во болница, каде што се спроведуваат токсиколошки анализи. Засега не е познато која супстанца ја содржеле шприцевите.

 

Поврзани содржини