📽 ИЗРАЕЛ ГО НАПАДНА ЗЛОГЛАСНИОТ ИРАНСКИ ЗАТВОР ЕВИН Која била целта на ударот?

Затворот „Евин“ е озлогласен со децении како место на сериозни кршења на човековите права против политичките дисиденти.

1,080

Израелската војска го нападна озлогласениот затвор Евин во главниот град на Иран, Техеран, соопшти денеска кабинетот на министерот за одбрана, Израел Кац.

Канцеларијата соопшти дека нападите биле насочени кон затворот „за политички затвореници и за противници на режимот“, заедно со „неспоредливи“ напади врз понатамошни „цели на режимот и органи на државна репресија во срцето на Техеран“.






Затворот Евин е озлогласен со децении како место на сериозни кршења на човековите права против политичките дисиденти.

Според иранските медиуми, затворските власти во Техеран го потврдија нападот врз Евин.

Делови од објектите наводно биле оштетени, но се вели дека ситуацијата е под контрола.

Нема детали за повреди, смртни случаи или за бегство на затвореници.

Израел го напаѓа Иран повеќе од една недела. САД се приклучија на конфликтот вчера со напади врз 3 објекти, поврзани со нуклеарната програма на Иран.

Поврзани содржини