МИКРОПЛАСТИКАТА ВО МОЗОКОТ И УЛТРАПРЕРАБОТЕНАТА ХРАНА Концентрациите на микропластика биле повисоки во мозоците на луѓето со деменција

Порано оваа година, научниците открија дека човечкиот мозок содржи приближно иста количина микропластика како во една пластична лажица.

91

Студијата, објавена во февруари во списанието Nature Medicine, открила дека количината на микропластика – ситни пластични честички помали од 5 милиметри – во човечкиот мозок се зголемува: концентрациите се зголемиле за околу 50% помеѓу 2016 и 2024 година.






Не само што е пронајдена повеќе микропластика во мозокот отколку во ткивото на црниот дроб или бубрезите, туку концентрациите на микропластика биле повисоки во мозоците на луѓето со деменција во споредба со оние без деменција.

Научниците сега истражуваат како микропластиката влијае на здравјето на мозокот, со посебен фокус на еден од најголемите потенцијални извори на микропластика – ултра-преработената храна (UPF).

Во серија од четири трудови објавени во списанието „Brain Medicine“, истражувачите поврзуваат растечки број на докази што сугерираат дека акумулацијата на микропластика во мозокот – особено онаа која потекнува од ултра-преработената храна – може да игра улога во зголемувањето на глобалните стапки на деменција, депресијата и други нарушувања на менталното здравје.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини