ИРАН ГО НАПАЃА ИЗРАЕЛ СО БАЛИСТИЧКИ РАКЕТИ Ова е еден од најдолгите ирански напади во конфликтот, погодени се неколку цели
Ракетите биле лансирани во повеќе салви во текот на речиси 40 минути, што претставува еден од најдолгите ирански ракетни напади во оваа војна.
Според прелиминарните проценки на Израелските одбранбени сили (ИДФ), околу 15 балистички ракети биле истрелани од Иран кон Израел во неколку бранови, објави Тајмс оф Израел.
Ракетите биле лансирани во повеќе салви во текот на речиси 40 минути, што претставува еден од најдолгите ирански ракетни напади во оваа војна.
Не се пријавени повредени во нападот, но се регистрирани неколку погодоци.