РАСТЕ ЦЕНАТА НА НАФТАТА Постигнато е највисоко ниво во последните 5 месеци

Минатата недела цената на барел на лондонскиот пазар минатата недела се зголеми за 3,6%, на 77,01 долари, додека на американскиот пазар, барелот порасна за 2,7%, на 73,84 долари.

550

Цените на нафтата продолжи да расте и денеска како резултат на претпазливоста на трговците по ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и вклучувањето на САД во него.

Цената на барел брент нафта на лондонскиот пазар утрово се продава по цена од 77,21  што е раст од 0,3%. На американскиот пазар нафтата ВТЛ достигна цена од 74,06 долари за барел со раст од 0,3%






Минатата недела цената на барел на лондонскиот пазар минатата недела се зголеми за 3,6%, на 77,01 долари, додека на американскиот пазар, барелот порасна за 2,7%, на 73,84 долари.

Трговците и експертите се плашат за испораките на нафта преку Ормутскиот теснец, низ кој дневно минуваат 18 милиони барели нафта, кондензат и гориво. Тие го очекуваат одговорот на Иран.

– Очекуваме одговорот на Иран да биде сценски организиран: замислете малтретирање на комерцијален превоз, симболични запленувања на танкери и ограничен ракетен оган врз американските воени позиции – но не и целосна кампања за задушување на енергетските текови низ Ормутскиот теснец – вели Скот Модел, главен извршен директор во фирмата за енергетски и геополитички анализи „Рапидан Енерџи Груп“.

Намалувањето на протокот на бродови  низ каналот, според некои сценарија би ја зголемил цената на нафтата на повеќе од 100 долари.

Во изминатите десет дена, колку што трае ракетниот оган меѓу Израел и Иран, цената на барел нафта на лондонскиот пазар се зголеми за повеќе од 13%, а на американскиот пазар за повеќе од 10%.

 

Поврзани содржини