БОМБАШ САМОУБИЕЦ УБИ 10 ЛИЦА ВО РЕСТОРАН Експлозијата се случи во Нигерија

Боко Харам, домашните џихадисти од Нигерија, се појавија во 2009 година и се борат против „западното образование“ и наметнуваат своја радикална верзија на исламскиот закон. Конфликтот се прошири на северните соседи на Нигерија.

202

Бомбаш самоубиец уби 10 лица и рани неколку други во напад врз ресторан во Нигерија, соопшти денеска полицијата. Ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот.

Североисточната нигериска држава Борно е во конфликт со исламистичките милитанти од групата Боко Харам и нејзината гранка, Исламска држава во Западна Африка.






Боко Харам, домашните џихадисти од Нигерија, се појавија во 2009 година и се борат против „западното образование“ и наметнуваат своја радикална верзија на исламскиот закон. Конфликтот се прошири на северните соседи на Нигерија.

Според ОН, 35.000 цивили се убиени, а повеќе од два милиони се раселени.

Поврзани содржини