ЗАТВОРЕНИЧКА ПОБЕГНАЛА ОД ЗАТВОРОТ „ИДРИЗОВО“ Полицајците ја фатиле во Гевгелија

Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, информира МВР.

205

Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија вчера во 21.10 часот во Гевгелија ја лишиле од слобода Д.Џ.Б.(46) од истиот град.

Како што соопшти МВР таа била барана по потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово, каде издржувала казна затвор од три години и шест месеци за сторени кривични дела „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, а имала за доиздржување уште две години и пет месеци.






Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, информира МВР.

Поврзани содржини