„ТРЕТАТА СВЕТСКА ВОЈНА НИ Е ПРЕД НОС“ Постои голем потенцијал за судири, предупреди Путин

На прашањето дали светот се движи кон трета светска војна, тој одговори дека е „Загрижувачки. Зборувам без иронија, без шега“.

828

Претседателот на Русија, Владимир Путин во вчерашното обраќање на Меѓународен економски форум во Санкт Петербург изрази загриженост поради глобалните тензии и можноста за поголем судир.

На прашањето дали светот се движи кон трета светска војна, тој одговори дека е „Загрижувачки. Зборувам без иронија, без шега“.






– Секако, постои голем потенцијал за судири. Тој потенцијал расте и буквално ни е пред нос… Секако тоа бара не само внимателно следење на сè што се случува, туку и барања на решенија, по можност по мирен пат, во сите насоли, наведе Путин.

Тој, осврнувајќи се на односите помеѓу Москва и Техеран, истакна дека Русија ги исполнува сите свои обврски и го поддржува Иран во одбраната на неговите легитимни интереси, вклучително и во однос на нуклеарна енергија за цивилни цели.

Поврзани содржини