Македонка на возраст од 34 години пријавила во СВР Скопје дека на 19 јуни година била физички нападната од нејзиниот партнер Д.Т. (36) додека престојувале во апартман во Република Грција.
Според полицијата, таа навела дека физичкиот напад се случил во апартман каде што престојувала со нејзиниот партнер.
– Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот – информираат од Министерството за внатрешни работи.