ВИДЕОЛОТАРИЈА – ГЕНЕРАЛEН СПОНЗОР НА СПОРТСКИ ИГРИ ВЕЛЕС Се натпреваруваа повеќе од 660 спортисти
Учесниците се натпреваруваа во уличен баскет, фудбал, тенис, одбојка и текбол, за награден фонд од 1.000.000 денари.
Видеолотарија Касинос Австрија соопшти дека и годинава ќе биде генерален спонзор на настанот за млади – Спортски игри Велес.
По четврти пат, во периодот од 03.06 до 07.06.2025, се одржа најновото издание на Спортски игри Велес на неколку локации во градскиот парк. Годинава на спортските игри учествуваа повеќе од 660 млади спортисти, од кои 120 се меѓународни, со што настанот доби карактер на заедништво, културна соработка, спортска игра и тимски дух. Учесниците се натпреваруваа во уличен баскет, фудбал, тенис, одбојка и текбол, за награден фонд од 1.000.000 денари.
– Горди сме што како генерален спонзор, овозможивме одлични пет натпреварувачки денови, за сите млади луѓе кои беа дел од него. Спортски игри Велес и годинава покажа сериозност во организацијата, низ настаните кои изобилуваа со спорт, забава, тимска игра и фер натпревар. Повеќе од 25.000 посетители беа дел од оваа убава спортска атмосфера која ги обедини младите во Велес – рекоа од Видеолотарија.
Оттаму додаваат дека Касинос Австрија како модерна и општествено одговорна компанија, ќе остане посветена на поддршката на спортот и спортските настани, кои се од исклучително значење на правилно развивање на младите луѓе.
– Под слоганот „Играј со најдобрите“, помагаме млади кадри од спортот, образованието, културата, медицина. Во текот на изминатите 10 години за спонзорства и донации издвоивме буџет од над 205 милиони денари – додаваат од Видеолотарија Касинос Австрија.